Од тие дополнителни 18 милијарди денари, над 12 милијарди се наменети за изградба на делниците Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола на коридорите 8 и 10д. Продолжуваат и работите на автопатските делници Кичево-Охрид, Кичево-Букојчани и Скопје-Блаце. Стојаноски очекува овие патишта подобро да ги поврзат регионите, да го направат сообраќајот побезбеден и да го олеснат транспортот, што би ја зголемило конкурентноста на македонското стопанство.
За железничката инфраструктура се предвидени 6,2 милијарди денари, за 53,6 отсто повеќе отколку во 2026 година. Продолжува изградбата на пругата од Бељаковце до Крива Паланка, а за следната делница, од Крива Паланка до границата со Бугарија, се планираат активности. Планот опфаќа и изградба и опремување на заедничката железничка гранична станица Табановце, како и почеток на проект за набавка на дополнителни локомотиви.
Кај комуналната инфраструктура продолжуваат инвестициите во пречистителните станици во Скопје, Тетово и Битола. Комунални проекти се планираат и во Велес, Штип и Виница.
За владината програма „Економски развој“ се планирани 9,7 милијарди денари, за 30,5 отсто повеќе во споредба со 2026 година. Парите се наменети за поддршка на инвестициите, привлекување нови инвеститори и создавање подобри услови за раст на домашните компании.
Стојаноски оцени дека со буџетот Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го продолжува одговорното управување со јавните финансии, со цел да ја зајакне економската стабилност и да отвори повеќе можности за граѓаните. Како мерило за успех ги посочи завршените проекти: колку патишта ќе се изградат, колку ќе се модернизира железницата, какви инвестиции ќе се реализираат и колку работни места ќе се отворат.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.