Двете страни разменија информации за тоа што им нуди зоната на инвеститорите и под кои услови компанијата би можела да вложува во општината. Општина Куманово е отворена за соработка и со домашни и со странски инвеститори. Целта е да привлече нови инвестиции, да создаде поволни услови за работење и да поттикне отворање работни места и развој на локалната економија.
Покрај градоначалникот, во разговорот учествуваа секретарот на Општината и претседателката на Советот. Компанијата ја претставуваа Гао Џичао, генерален директор на секторот за маркетинг, и Шао Сју, деловен менаџер во истиот сектор.
Во кинеската делегација беа и Ма Тонгјуе, секретар во Канцеларијата за економски и трговски работи при кинеската амбасада, и Чен Јушан, директор на кинеската адвокатска канцеларија „Gemchen“.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.