Обуката ја водеше д-р Аниел Пахладсинг, судија и комесар во Холандскиот институт за човекови права.
Таа е дел од регионалниот проект за зајакнување на судската соработка во Западен Балкан, ефективни судски спорови пред Европскиот суд на правдата и примена на Повелбата за фундаменталните права на ЕУ. Проектот го спроведуваат Центарот за правни истражувања и анализа, Civic Alliance од Црна Гора и Civil Rights Defenders од Србија и Албанија, со поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија во Северна Македонија.
На отворањето, амбасадорката на Холандија, Озлем Џанел, ја потврди поддршката на нејзината земја за активности што ќе ги одразуваат потребите на правосудниот систем во Северна Македонија. Директорката на Академијата, Ирина Трајкоска Стрезоски, им се заблагодари на Амбасадата и на Центарот за правни истражувања и анализа за придонесот во активности за унапредување на правните практичари. Таа истакна дека Академијата останува отворена за соработка за правни актуелности што ќе го привлечат интересот на судиите и јавните обвинители.
Обуките се засноваат на нови регионални програми развиени за правосудствата на Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија. Академијата ја истакна важноста на практичната примена на правото на ЕУ и на навремената подготовка на судиите и јавните обвинители во земјите од регионот што се стремат кон интеграција во Унијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.