Релјефите се датирани од втората половина на V до првите три децении на VI век. На нив се претставени светите воини Ѓорѓи, Христифор и Теодор, старозаветните воини Исус Навин и Калеб, како и хомерскиот јунак Ахил. Покрај коњаниците и борбените сцени, војнички референци содржат и латинските натписи.
Меѓу овие претстави е архангел Михаил, означен како „SANCTUS MIHAEL“. Музејот објаснува дека како врховен заповедник на небесната војска и победник над силите на злото, тој имал особено значење за војниците поради својата заштитничка улога.
Во услови на постојани воени судири и несигурност, потребата од божествена заштита кај војниците била особено изразена. Во тој контекст музејот ја разгледува можната апотропејска функција на виничките теракоти, односно верувањето дека можеле да штитат и од реални непријатели и од демонски сили.
Друга можна улога на релјефите била приближувањето на христијанското учење до војниците. Според музејското толкување, за тоа можел да послужи препознатливиот визуелен јазик на војничката традиција.
Збирката теракотни релјефи од Виничкото Кале може да се разгледа во Националниот археолошки музеј.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.