Според обвинението, нападот се случил на 10 ноември во домот на обвинетиот во Битола. По вербална расправија, тој ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари, а потоа ја стегал за вратот и устата. Со тоа ѝ нанел површинска телесна повреда и неколку нагмечувања и крвни подливи.
Делото е квалификувано како телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, односно повреда нанесена при вршење семејно насилство.
Во текот на прибирањето докази, обвинетиот бил во притвор поради ризиците да го избегне кривичниот прогон и да го повтори насилното однесување. При процената, обвинителството ги земало предвид информациите дека непосредно по настанот тој избегал од полициска станица и неколку дена не бил достапен.
Јавниот обвинител оценува дека овие ризици и натаму постојат, па со обвинителниот предлог му предложил на судот да ја продолжи притворската мерка.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.