Левинас е француски филозоф со литванско-еврејско потекло, познат по придонесот во етиката, феноменологијата и еврејската филозофија.
На средбата со Сиљановска-Давкова присуствуваа претседателот на Филозофското друштво, Љупчо Митковски, потпретседателот Љубомир Гајдов и професорот Јордан Ѓорчев. Покрај претстојниот дијалог, разговараа и за активностите на друштвото, кое седум децении работи на промоција на филозофијата.
Друштвото организира трибини, научни собири и симпозиуми и го издава „Филозофска трибина“, единственото домашно специјализирано филозофско списание. Меѓу неговите изданија е и книгата „Пет есеи“ од режисерот Милчо Манчевски.
Од 2014 година друштвото го организира Филозофскиот филмски фестивал. Во 2023 година ја востанови наградата „Константин Филозоф“, која се доделува за животно дело, за филозофска книга на годината и за млад филозоф истражувач.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.