345 вести · 24 ч.
Берово 8°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Министерството и УНИЦЕФ развиваат нова програма за рано учење

Фотографија објавена на јавниот профил на Ѓоко Велковски
Фотографија објавена на јавниот профил на Ѓоко Велковски

Министерството за социјална политика, демографија и млади во партнерство со УНИЦЕФ работи на нова Програма за рано учење и развој. Министерот Ѓоко Велковски денес учествуваше на настанот „Ѕвониме за децата“, по повод Светскиот ден на детето, 20 ноември.

Целта е секое дете да добие квалитетен почеток и еднакви можности да го развие својот потенцијал. Министерството работи и на проширување на мрежата на детски градинки, подобрување на квалитетот на предучилишното воспитание и обезбедување поголема поддршка за децата со попреченост и за децата од ранливите семејства.

Настанот се одржа под мотото „Да избереме подобра иднина за децата: силен почеток за секое дете“. Покрај Велковски, учествуваа министерката Весна Јаневска, претставникот на Македонската берза, Штериев, претставничката на УНИЦЕФ, Милер, како и претставници на деловната заедница, институциите и развојните партнери. Тие порачаа дека грижата за децата е најважната инвестиција во иднината на општеството.

Велковски ја поздрави соработката меѓу Македонската берза и УНИЦЕФ, оценувајќи ја како пример за важноста на вклучувањето на деловната заедница во создавањето подобри услови за децата. Тој порача дека децата не се само иднината, туку и сегашноста, и дека нивните соништа, потреби и мислења мора да бидат во центарот на секоја одлука.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.