На средбата беше претставена работата на тимовите за училишна интеграција во основните училишта, како и поддршката што Министерството за образование и наука ја дава за заедничките наставни часови и активности.
Наставата во основното образование се изведува на пет јазици, а во средното на четири. Основците имаат можност да ги изучуваат јазикот и културата на својата заедница и преку изборниот предмет „Јазик и култура на заедниците“.
Посебен дел од разговорот беше посветен на образовните политики за Ромите во основното, средното и високото образование. Јаневска ја нагласи улогата на ромските образовни медијатори во поддршката на уписот и редовното посетување на наставата во основните и средните училишта. Таа го истакна и значењето на стипендиите за средношколците и студентите Роми за продолжување на нивното образование.
Овие мерки беа разгледани во разговорот за соработката со ОБСЕ и поддршката што организацијата ја обезбедува во образованието. Јаневска ги претстави законските решенија и мерките што ги спроведува министерството за остварување на образовните и јазичните права на заедниците, унапредување на меѓуетничката интеграција и почитување на културната и јазичната разновидност во училиштата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.