Филипче оцени дека наместо реформи и европски напредок, власта ги партизира институциите, ја уназадува економијата и ја поткопува демократијата.
На конференцијата се заложи за фер, правичен и кредибилен процес на пристапување. Посочи дека членството во ЕУ ќе донесе придобивки за македонската економија и земјоделството, за владеењето на правото и за функционалноста на институциите.
Според Филипче, европските реформи не се само услов за членство, туку пред сѐ можност за подобар живот, посилни институции и поправедно општество. Тој нагласи дека реформскиот процес мора да донесе вистинско подобрување во секој сегмент од државата.
Филипче порача дека заедно со сестринските социјалдемократски партии и прогресивните партнери од Европа продолжуваат да се борат за усогласување со стратешките интереси на ЕУ, против авторитаризмот и пропагандата и против обидите за гушење на демократијата и човековите слободи. Оцени дека демократска, правична и европска иднина за граѓаните може да се обезбеди само преку заедничка акција, солидарност и силна социјалдемократска визија.
Филипче учествуваше на конференцијата на покана на Фондацијата за европски прогресивни студии и Фондацијата „Фридрих Еберт“.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.