Барањата за пристап до информации од јавен карактер се упатени до ЈП „Охридски Комуналец Охрид“, ЈП „Водовод Охрид“ и ЈП „Градски Гробишта Охрид“. Со нив советничката група бара податоци за месечните нето и бруто плати на директорите пред нивното именување и за нивните актуелни плати.
Советниците прашуваат дали во текот на мандатот имало зголемување на платите и, доколку имало, во кој месец и година и за колкав износ и процент. Бараат и податоци за сите промени во висината на платите од денот на именувањето до денот на одговорот на барањето.
За правната основа се бараат одлуката, решението, правилникот или друг акт врз кој е извршено зголемувањето, како и копии од одлуките или решенијата со кои платите се утврдени или зголемени. Барањето ги опфаќа и записникот или одлуката на управниот одбор, доколку постојат, како и информација дали е добиена согласност од управниот одбор, основачот или друг надлежен орган, ако таква согласност е предвидена.
Информациите се побарани во електронска или писмена форма. СДСМ Охрид бара одговор кој, кога и врз основа на која одлука ги зголемил директорските плати, нагласувајќи дека станува збор за јавни пари и право на граѓаните да знаат. Партијата ја критикува локалната власт за чекањето на одговор и прашува зошто тој изостанува ако сѐ е законски и транспарентно.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.