346 вести · 24 ч.
Берово 8°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Царина спречи внес на 2,8 тони нејодирана сол декларирана како индустриска

Фотографија објавена на јавниот профил на Царинска управа
Фотографија објавена на јавниот профил на Царинска управа
  • Неправилноста била откриена при контрола на стоката што ја увезувал производител на храна.
  • При контролата било утврдено дека станува збор за нејодирана сол, а не за индустриска како што било пријавено.
  • Против осомничените е поведена соодветна постапка.

Царински службеници од испоставата Скопје 3 спречија внес на 2,8 тони нејодирана сол, забранета за увоз, која била декларирана како индустриска. Неправилноста била откриена при контрола на стоката што ја увезувал производител на храна.

Увозникот обезбедил изјава дека солта ќе се користи за индустриски цели, а како индустриска била заведена и во увозната царинска декларација. При контролата било утврдено дека станува збор за нејодирана сол, а не за индустриска како што било пријавено.

Според македонското законодавство, солта што се употребува во исхраната задолжително треба да биде јодирана поради штетните последици врз здравјето од консумирање нејодирана сол.

Против осомничените е поведена соодветна постапка. Солта е уништена на депонијата Дрисла, врз основа на решение од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.