Проектот, финансиран од Министерството за надворешни и европски работи на Словенија, го спроведуваат АДРА Словенија и АДРА Македонија. Тој има за цел да придонесе за развој на органското пчеларство, економско јакнење и одржлив развој на руралните заедници.
Предвидени се обуки и поддршка за органско пчеларство, подготовка, продажба и маркетинг на мед и пчелни производи, како и активности за развој на женското претприемништво. Проектот предвидува и формирање медоносен пчелен парк за едукативни цели.
На средбата присуствуваа и Елвира Прескер, Горан Криж и Шермин Коџаџику. Јанков изрази подготвеност за продолжување на соработката со словенечката амбасада и партнерите.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.