356 вести · 24 ч.
Берово 6°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Четири тобогани и нови реквизити на обновеното игралиште зад Универзална сала

Извор на фотографијата: Општина Центар
Извор на фотографијата: Општина Центар
  • Игралиштето зад Универзалната сала доби четири тобогани и нови реквизити.
  • Поставени се нова заштитна подлога и ограда, а лулашката е реновирана.
  • Герасимовски ги повика граѓаните да ги чуваат реквизитите и опремата.

Детското игралиште зад Универзалната сала во општина Центар е целосно реконструирано, со четири тобогани и нови реквизити за игра. Поставени се и нова заштитна подлога и ограда.

На игралиштето се поставени две нови кули, мост, две коњчиња, абакус-табла и клацкалка. Двојната лулашка е целосно реновирана, а обновена е и урбаната опрема: поправени се двете клупи и поставени се корпи за отпадоци.

Градоначалникот Герасимовски најави дека реконструкцијата на игралиштата низ Центар продолжува, со цел децата да имаат уредени и безбедни места за игра, рекреација и дружење, а родителите да бидат спокојни.

Тој ги повика граѓаните совесно да ги користат и да ги чуваат реквизитите и урбаната опрема. „Само со заедничка грижа можеме да ги зачуваме игралиштата уредни, функционални и безбедни за сите“, рече Герасимовски.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.