Работилницата се одржа од 16 ноември до вчера во просториите на ДЗР во Скопје, на тема „Материјалност во финансиската ревизија и ревизијата на усогласеност“. Материјалноста, односно процената на значајноста во ревизијата, беше разгледувана како дел од методологијата за планирање и спроведување на овие два вида ревизии.
Преку стручни предавања, презентации на практични примери од двете институции и дискусии, учесниците ги разгледуваа сличностите и разликите во методите за утврдување на материјалноста. Посебно внимание беше посветено на пристапите и алатките што ги користи норвешката ревизорска институција.
Оваа работилница е продолжение на воспоставената соработка меѓу двете институции. Целта е да се зајакнат капацитетите на поширока група државни ревизори, а стекнатите знаења и методолошки искуства да се применат во идните ревизорски ангажмани и да придонесат за подобар квалитет и влијание на ревизијата.
Работилницата ја отвори главниот државен ревизор Максим Ацевски. Тој ја оцени континуираната соработка со норвешката институција како важна за размената на знаења, искуства и добри ревизорски практики, како и за јакнењето на професионалните и методолошките капацитети на државните ревизори.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.