На конференцијата беа споделени проектни активности и резултати, како и иницијативи на околу 24 граѓански организации и училишта. ЛАГ Агро Лидер ја нагласи потребата од систем во кој отпадот се користи како ресурс и добива нова економска вредност.
Конференцијата беше дел од проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во РСМакедонија“. Првиот панел беше посветен на можностите што ги отвора циркуларноста и на искуствата од граѓанскиот сектор.
ЛАГ Агро Лидер повика на вмрежување, размена на искуства и градење партнерства за вреднување на ресурсите, промовирање одговорност и примена на циркуларната економија, со цел да се придонесе кон одржлива заедница.








Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.