Во петок наутро ќе има дожд, кој во текот на денот ќе престане и ќе се разведри. Ќе дува умерен до засилен западен ветер. Минималните температури ќе се движат од 7 до 14 степени, а максималните од 14 до 22 степени.

Во сабота, во текот на ноќта и претпладне, во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, со количества над 15 литри на квадратен метар. На исток ќе биде сончево со мала облачност. Прогнозата предвидува слаб до умерен западен ветер, со посебно предупредување за повремено силен ветер во југозападните делови и Пелагонија, со веројатност од 90 проценти. Утринските температури ќе бидат од 2 до 9 степени, а дневните од 13 до 20 степени.
Недела ќе почне со претежно сончево време, по што ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Навечер во западните делови повторно ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, со минимални температури од 2 до 10 и максимални од 12 до 19 степени.
Во понеделник ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни на запад. Ветерот ќе биде засилен, а на места повремено силен, од променлив правец. Минималните температури ќе се движат од 2 до 10 степени, а максималните од 12 до 17 степени.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.