345 вести · 24 ч.
Берово 8°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Ферати: Заеднички простори и активности за младите се цел на новата стратегија за интеркултурализам

Фотографија од настанот · Министерство за односи меѓу заедниците
Фотографија од настанот · Министерство за односи меѓу заедниците

Образованието и работата со учениците и младите се во фокусот на Министерството за односи меѓу заедниците, со цел создавање заеднички простори за интеракција и заеднички активности. Овој приоритет во новата Стратегија за интеркултурализам и општествена кохезија го претстави министерот Агон Ферати на денешната средба со високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства, амбасадорот Кристоф Камп.

Ферати оцени дека најголемиот дел од таквите активности не бараат значителни финансиски средства, туку пред сѐ добра волја и позитивен пристап. Со претставниците на ОБСЕ разговараше и за предизвиците во спроведувањето на стратегијата, на средбата одржана при официјалната посета на Камп на Скопје.

Според министерот, општествената кохезија треба да се негува преку нова фаза на соработка што ќе оди подалеку од управувањето со разликите и потенцијалните меѓуетнички тензии. Тој посочи дека Македонија ги признава етничките групи како заедници со уставен статус и еднакви права.

Ферати и Камп се согласија дека, и покрај специфичностите на секоја држава, добрите меѓународни практики можат да помогнат во надминувањето на разликите меѓу заедниците. Воедно, според нив, тие можат да придонесат општините да добијат позначајна улога во спроведувањето на стратегијата и на мерките за подобра меѓуетничка комуникација.

Канцеларијата на високиот комесар и Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја поддржуваат изработката на новата стратегија. Ферати се заблагодари за поддршката и го увери Камп дека процесот продолжува да биде транспарентен и инклузивен.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.