Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски, ги претстави инфраструктурните капацитети на зоните и достапните мерки за поддршка на инвеститорите. Презентацијата ја опфати и улогата на Дирекцијата при подготовката и реализацијата на инвестициските проекти, со посебен акцент на можностите за нови производствени капацитети.
Посетата беше дел од регионалната бизнис-мисија на Јапонската организација за надворешна трговија (ЏЕТРО). Во делегацијата имаше претставници од производството, енергетиката, електрониката, информатичките технологии, финансиите и логистиката. Во разговорите беа разменети информации за различни форми на економска соработка и за потенцијалите за поврзување со домашното стопанство.
Делегацијата ја обиколи ТИРЗ Скопје и се запозна со инфраструктурата, организацијата на зоната и условите во кои работат веќе присутните компании. Целта на Дирекцијата е преку развивање на односите со јапонската бизнис-заедница да воспостави долгорочна соработка и да отвори можности за нови инвестиции.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.