Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Трајковска и пасторот Иванов разгледаа можност за хуманитарна акција пред празниците

Извор на фотографијата: Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи
Извор на фотографијата: Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи
  • Разгледана е можност за заедничка хуманитарна акција пред празниците.
  • Во разговорот беше нагласено активното вклучување на младите во заеднички иницијативи.

Можноста за заедничка хуманитарна акција пред претстојните празници беше тема на вчерашната средба меѓу директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Оливера Трајковска, и пасторот Филип Иванов од Евангелската црква.

Акцијата би била наменета за оние на кои помошта им е најпотребна, со цел да се изразат солидарност, хуманост и грижа. Иванов е именуван за национален координатор на Евангелско-протестантската иницијатива за Македонија.

Трајковска и Иванов разговараа и за улогата на оваа иницијатива и можностите за унапредување на соработката со Комисијата. Посебен акцент беше ставен на активното вклучување на младите во заеднички иницијативи, со заложба за активности од поширок општествен интерес.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.