Програмата е наменета за стекнување конкретни знаења и практични вештини потребни во оваа област. Развиена е како одговор на потребата на пазарот на труд од специјализиран кадар, со поврзување на образованието со компаниите преку практична обука.
Во нејзината подготовка соработувале Министерството за образование и наука, Агенцијата за вработување, СУГС „Владо Тасевски“, Кралството Шведска, Волво Груп и швајцарската агенција Хелветас. Учесниците ќе добијат практична обука со поддршка од автомобилската индустрија.
На промоцијата и почетокот на програмата, државниот секретар во МОН, Елена Ивановска, изрази очекување дека првата група ќе се оспособи за потребите на компаниите и пазарот на труд. Таа очекува квалификацијата да стане дел и од формалното образование, со што би била достапна и за помладите генерации во редовниот образовен систем.
За таа цел, Ивановска најави дека МОН, заедно со Центарот за развој на стручното образование и Бирото за развој на образованието, ќе работи на подготовка на соодветна наставна програма и учебник. Таа изрази надеж дека со партнерите ќе се обезбеди и дополнителна опрема за практичната обука, доколку биде потребна.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.