345 вести · 24 ч.
Берово 8°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Димитриеска Кочовска и новата британска амбасадорка разговараа за унапредување на трговијата и инвестициите

Фотографија објавена на јавниот профил на Гордана Димитриеска Кочовска
Фотографија објавена на јавниот профил на Гордана Димитриеска Кочовска
  • Ова беше прва средба на министерката со новоименуваната амбасадорка Маја Сивањанам.
  • Разговорот ги опфати трговските односи, инвестициите и можностите за нивно унапредување.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска денеска разговараше за можностите за унапредување на економските и трговските односи и инвестициите меѓу Македонија и Обединетото Кралство со новоименуваната британска амбасадорка Маја Сивањанам. Ова беше нивна прва средба.

На средбата беше разгледана досегашната соработка меѓу двете земји. Обединетото Кралство е значаен трговски партнер на Македонија и еден од позначајните странски инвеститори во земјава.

Димитриеска Кочовска го оцени стратешкото партнерство како основа за продлабочување на соработката во областите од заеднички интерес, зајакнување на економските врски и отворање нови можности за инвестиции и развој. Таа порача дека продолжувањето на дијалогот и унапредувањето на билатералните односи имаат цел да создадат подобар економски амбиент за граѓаните и компаниите.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.