Волке е раководител за меѓународно климатско финансирање во германското Сојузно министерство за животна средина. Германија продолжува да ја поддржува Македонија во политиките за праведна транзиција и енергетска ефикасност. Димитровски тврди и дека Германија речиси целосно ги исклучила цврстите горива од индустријата и домаќинствата.
За поставување политики за заштита на ранливите групи во енергетската транзиција, Димитровски разговараше со Клаус Бек, заменик регионален директор на УНФПА.
ИОМ помага во формирањето мерки за соработка со дијаспората и за нејзино вклучување во климатски одржливи инвестиции во Македонија.
На самитот имаше и панели за отпорни градови и зелени фондови. Според Димитровски, главната порака е доверба во научниците и науката, а климатските политики мора да се темелат на реални податоци, инженерско знаење и проверени технолошки решенија. Тој оцени дека партнерствата што продолжуваат да ги градат носат поддршка за чист воздух, сигурна енергија и отпорни градови.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.