По отворањето на партискиот штаб во Брвеница, на кое присуствувале раководството на ВЛЕН, пратеници, градоначалници и претставници на партиските структури, активностите се префрлиле на терен, во повеќе населени места во општината.
Функционери на ВЛЕН биле со Хусеини на средби со жители на Челопек, Радиовце, Гургурица, Милетино и Теново, каде што ја пренесувале пораката за поддршка на неговата кандидатура и програмата за Брвеница. Во рамки на кампањата веќе се одржале средби во Челопек, Радиовце и Теново.
Од ВЛЕН велат дека зад Хусеини стои тим директно поврзан со централните институции. Според партијата, целта е Брвеница да оствари поголема соработка со централната власт и да добие институционална поддршка за локалните проекти.
ВЛЕН наведува дека со мобилизацијата сака Брвеница да стане 11-та општина раководена од оваа политичка структура. Хусеини се кандидира со бројот 4 на изборите на 18 октомври.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.