Бонело е гостин од Англија, лице со аутизам и четири завршени факултети. Од „Исчекор“ го опишуваат неговиот настап како инспиративен, издвојувајќи ги духовитоста, позитивната енергија и начинот на презентирање. Неговата порака, како што ја пренесува здружението, е дека секој човек има свои способности и можности и свој начин да придонесе во општеството.
Конференцијата ја организира Фондацијата д-р Верица Механџиска и трае од вчера до утре, 20 ноември. Учесниците од „Исчекор“ слушаат стручњаци од областа на аутизмот, со можност да разменат искуства и да стекнат нови знаења и перспективи.
За здружението, ваквите средби се можност за учење и споделување, но и за градење општество во кое различностите се вредност, а не пречка. Оттаму повикуваат луѓето да се гледаат подалеку од дијагнозата и да се препознаваат нивните способности и потенцијал.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.