Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во побезбедна Европа

Фотографија од настанот · Тимчо Муцунски
Фотографија од настанот · Тимчо Муцунски

Проширувањето на Европската Унија е геополитичко обединување на Европа и стратешка инвестиција во постабилен и побезбеден континент, оцени министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на вчерашната конференција „Security in the Western Balkans“ во Скопје.

Во услови на длабоки геополитички промени, според Муцунски, безбедноста на Западниот Балкан е неразделно поврзана со безбедноста и стабилноста на Европа. Тој порача дека регионот треба сѐ повеќе да се препознава по својот придонес кон колективната отпорност и европската безбедност.

За тоа, нагласи министерот, се потребни политичка одговорност и посилна регионална соработка, како и свест дека безбедноста на една држава не може да се одвои од безбедноста на нејзините соседи.

Муцунски како стратешка ориентација на Македонија ги наведе членството во НАТО, 100-процентната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија и цврстата определба за полноправно членство во ЕУ.

Конференцијата ја организираше „Aspen Institute Germany“ во соработка со Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.