Како најкорисни места за нови полначи, испитаниците ги посочиле паркинзите во станбени населби, училиштата и универзитетите, како и јавните објекти.
СмартАп посочува дека изборот треба да зависи од тоа кому му е потребен полначот, а не само од расположливиот простор. Покрај локацијата, потребно е да се проценат интересот на корисниците, техничките услови и начинот на управување.
Проектот „Community Mobility Cooperatives“ – Локални задруги за мобилност нуди работилници и поддршка за локални иницијативи, со цел идеите да се развијат во конкретни и изводливи предлози.
Проектот го координира Универзитетот во Љубљана, а партнери се Коримако од Словенија, Платформата за енергетска транзиција од Србија, Асоцијацијата Орасе Енерџи од Романија и Лабораторијата за социјални иновации СмартАп од Македонија.
Тој е дел од Европската климатска иницијатива (ЕУКИ) на Германското федерално министерство за животна средина, климатски акции, заштита на природата и нуклеарна безбедност. Повеќе информации се достапни на страницата на проектот.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.