„Безбеден град“ ги обединува современите технологии, законските измени, автоматското откривање сообраќајни прекршоци и дигитализацијата на постапките. Целта на проектот е да се намалат сообраќајните несреќи и да се заштитат човечките животи.
Министерството за внатрешни работи ја оцени наградата и како дополнителна обврска за продолжување на реформите, модернизацијата и воведувањето современи решенија во служба на граѓаните.
Тошковски беше и меѓу говорниците на воведните обраќања пред меѓународните полициски претставници и учесниците на самитот. Тој порача дека меѓународната соработка е важна за справувањето со современите безбедносни предизвици, бидејќи последиците од дејствувањето или недејствувањето на институциите ги надминуваат националните граници на нивните надлежности.
Како пример за успешна соработка ја посочи заедничката истрага на македонската полиција и ФБИ против нелегалната онлајн платформа „OLVX“, поврзана со трговија со украдени лични податоци и алатки за сајберкриминал. Според Тошковски, активностите преземени во Македонија придонеле за дигиталната безбедност на граѓани во Соединетите Американски Држави.
„Големината на една држава не ја ограничува важноста на нејзиниот придонес. Една навремена информација, една успешна истрага или една спречена закана можат да заштитат човечки животи далеку над нејзините граници“, рече Тошковски.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.