Меѓу ограничувањата Николоски наведе растојание од 500 метри од училишта, како и зголемени давачки за приредувачите.
Укинати се лиценците на три компании што требало да приредуваат онлајн игри на среќа, како и онлајн платформата „2WIN“. Николоски додаде дека се иницирани и кривични постапки.
Според Николоски, во тек е судска постапка против Артан Груби, Перпарим Бајрами и други обвинети. Тој изрази очекување судот ефикасно да ја заврши постапката и тие да одговараат за она што, според него, го сториле.
Николоски праша и дали непотпишувањето на Законот за игри на среќа од страна на Стево Пендаровски, донесен од претходниот парламентарен состав, можеби е поврзано со изградба на зграда во Влае. Зградата ја припиша на Еролд Муслиу, кого го посочи како директор на Агенцијата за разузнавање на Пендаровски.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.