Претставата е по текст на Марк Норман и Том Стопард, во режија на Бојана Василковска. Вил Шекспир го игра Филип Христовски, а Виола де Лесепс ја толкува Катерина Јовановиќ.
Исидор Јовановски настапува како Кит Марлоу, Ралф и Чамџијата, Благојчо Стојанов ги игра Хенслоу и Сер Роберт де Лесепс, а Жарко Спасовски ги толкува Весекс и Нол. Зорица Панчиќ ги игра Кралицата Елизабета и Дадилката.
Во поделбата се и Фаик Мефаилоски како Фенимен и Вабаш, Кире Ацевски во улогите на Барбиџ, Чуварот и Сем и Мартин Мазнев како Ламберт, Тилни и Нед Алејн.
Преводот е на Сашо Димоски и Катерина Момева. Сценографијата ја потпишува Филип Коруновски, костимографијата Катерина Чукниева, а кореографијата Васил Зафирчев. Изборот на музика е на Сашко Костов, а за шминката е задолжена Мартина Чукниева.
Инспициент е Славиша Ѓеоргиев, суфлер е Орхидеја Дукова, а технички раководител е Никола Игнов. За светлото се задолжени Марјан Тодоровски и Зоран Јордев, за тонот Сашко Костов, за гардеробата Јулија Ангеловска, а за реквизитите Благој Илиев.
Декоратерската екипа ја сочинуваат Игор Гаврилов, Хишам Латифов, Ѓоре Павлов, Јовица Стаменковски, Трајче Кулев, Роберто Карадаковски, Никола Спасев, Александар Костов, Игор Стоиљковиќ и Леонид Николов.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.