Книгата „Kosova – Lufta e heshtur: Diplomacia e padukshme që ndryshoi lojën (1991–1999)“ содржи сведоштва и размислувања за заднините на меѓународната дипломатија. Мази, поранешен амбасадор на Албанија во ОБСЕ и во Обединетите нации, зборуваше за сопствениот дипломатски ангажман во тие години.
Тој ги опиша напорите косовското прашање да се постави на меѓународната сцена и предизвиците за неговото препознавање во меѓународни рамки. Говореше и за односите со претседателот Ибрахим Ругова, како и за улогата на Албанија во насочувањето на вниманието на меѓународната дипломатија кон Косово.
Промотори беа академик Абдулменаф Беџети и Авни Спахиу, поранешен амбасадор на Косово во Вашингтон, кои ја оценија историската, дипломатската и документарната важност на изданието. Беџети ја нагласи потребата од документирање на дипломатските напори и вредноста на непосредните сведоштва за разбирање на настаните пред и за време на војната. Спахиу го истакна меѓународниот аспект на косовското прашање и дипломатскиот ангажман во градењето поддршка за правото на народот на Косово на слобода и самоопределување.
Ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Садудин Ибраими, ја нагласи важноста на вреднувањето на улогата на Албанија во интернационализацијата на косовското прашање, земајќи ги предвид сложените политички и економски околности од тој период. Тој зборуваше за значењето и на дипломатијата што не била секогаш видлива за јавноста, како и за потребата овие искуства и историски сведоштва да се документираат и да им се пренесат на младите генерации.
За книгата и авторот зборуваше и Бујар Худри, во име на издавачката куќа „Onufri“. Тој ги оцени позитивно професионалниот пристап на Мази и внимателната работа во изборот и документирањето на материјалите.
Промоцијата беше дел од одбележувањето на 25-годишнината од основањето на УЈИЕ. Присуствуваа студенти, претставници на академската заедница, поранешни дипломати Албанци од Македонија и други јавни личности. Меѓу присутните беше и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, кој пред промоцијата се сретна со ректорот Ибраими и со гостите.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.