Гаши ја нагласи посветеноста на Македонија за членство во Европската Унија и оцени дека земјата покажала подготвеност за значајни чекори и големи компромиси за остварување на таа стратешка цел. Во тој контекст, ја истакна важноста на континуираната поддршка од Германија и европските партнери за забрзување на проширувањето на ЕУ.
Исранг ја потврди германската поддршка за проширувањето на Унијата и го поздрави ангажманот на Македонија во спроведувањето на реформите. Тој го нагласи и значењето на европската перспектива за земјите од регионот.
Двајцата разговараа за стратешкото значење на европската интеграција и за предизвиците со кои се соочува земјата на тој пат. Ги потврдија добрите односи и партнерството меѓу Македонија и Германија, со акцент на продолжувањето на политичкиот дијалог и соработката и на поддршката за македонските европски аспирации.
На средбата беа разгледани и актуелните случувања во регионот, придонесот на Македонија во НАТО и влијанието на актуелните геополитички околности врз европската безбедност и стабилност.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.