Средствата се наменети за модернизација на железничкиот Коридор 8, активности кон границата со Бугарија, железничкиот граничен премин „Табановце“ и обновување на возниот парк на Македонски железници – Транспорт.
Кузманоска оцени дека овие инвестиции се чекори кон поефикасен транспортен систем. Според неа, транспортните трошоци имаат сѐ поголемо влијание врз конкурентноста на компаниите, поради што железницата треба да биде дел од долгорочната економска стратегија на државата.
Во поширокиот инвестициски план, Кузманоска посочи дека Предлог-буџетот предвидува 40,8 милијарди денари капитални расходи, а дополнителни 18 милијарди денари инвестиции се планирани преку Јавното претпријатие за државни патишта. Меѓу патните инвестиции ги наведе Коридорите 8 и 10д и автопатското поврзување на Прилеп и Битола.
Како пратеничка од Прилеп, таа го издвои поврзувањето со Битола како особено важно за економските можности на регионот. Оцени дека побрзиот и поекономичен превоз на производите ја зголемува конкурентноста на компаниите, а добрата инфраструктура го прави регионот попривлечен за нови инвестиции.
Кузманоска го оцени Предлог-буџетот и како инструмент за финансиска стабилност и континуитет во функционирањето на државата. Таа рече дека тој овозможува редовно исполнување на обврските кон граѓаните, додека планираните инвестиции и развојни политики создаваат услови за понатамошен економски развој.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.