Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Македонската и албанската агенција потпишаа меморандум за соработка насочена кон малите и средните фирми

Фотографија од настанот · Агенција за иновации, научно-технолошки развои и претприемништво на РСМ
Фотографија од настанот · Агенција за иновации, научно-технолошки развои и претприемништво на РСМ
  • Меморандумот со Албанската агенција за развој на инвестиции беше потпишан во Тирана.
  • Соработката е насочена кон заеднички иницијативи и можности за малите и средните претпријатија.

Агенцијата за иновации, научно-технолошки развои и претприемништво на РСМ потпиша меморандум за соработка со Албанската агенција за развој на инвестиции (АИДА) во Тирана. Целта е развој на заеднички иницијативи и создавање нови можности за малите и средните претпријатија.

Соработката опфаќа размена на знаења, искуства и добри практики меѓу двете агенции, со заедничка заложба за унапредување на регионалното партнерство.

Преку поврзување на своите капацитети и ресурси, агенциите имаат цел да создадат основа за нови партнерства, иновации и развој на претприемачкиот потенцијал во регионот.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.