Од таа сума, 123,8 милијарди денари се наменети за пензии. Иванов наведе раст од 4,8%, согласно законското усогласување на пензиите.
Тој оцени дека предложениот буџет се темели на економски раст, финансиска стабилност и подобрување на животниот стандард на сите граѓани. Стабилните јавни финансии, посилната економија, повеќето инвестиции и подобрите услови за живот ги посочи како политичка определба на Владата.
Во делот за инвестициите, Иванов рече дека секое ново работно место и секоја компанија што го проширува производството носат додадена вредност за македонската економија. Според него, на државата ѝ се потребни конкурентни компании, стабилна деловна клима и предвидлива даночна политика.
Тој побара институциите да бидат сервис на стопанството, а не административна пречка, какви што, според неговата оценка, биле во претходните години. Во тој контекст, рече дека поддршката за домашното производство, малите и средните претпријатија, земјоделството и извозно ориентираните компании е дел од долгорочната економска стратегија на Владата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.