Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

35 години независна Македонија и развојот на уставноста во фокусот на научен симпозиум

Фотографија од настанот · Димитар Богески
Фотографија од настанот · Димитар Богески
  • Симпозиумот ги разгледува македонската државност, уставност и суверенитет.
  • Организатори се Државниот архив и Институтот за национална историја.
  • Богески ја нагласи важноста на заштитата и достапноста на архивското наследство.

Развојот на македонската државност, уставност и суверенитет е тема на меѓународниот научен симпозиум што започна вчера во Собранието на Македонија, по повод 35-годишнината од независноста и донесувањето на првиот Устав на независната држава.

Симпозиумот „Уставност, суверенитет и традиција: 35 години независна македонска држава“ го организираат Државниот архив и Институтот за национална историја. Тој обединува научници, историчари, правници и истражувачи, кои преку научни излагања и дискусии ќе ги разгледуваат историските процеси, со цел да придонесат кон нивното расветлување.

Димитар Богески во своето обраќање ги посочи архивските документи како автентични сведоштва за историските процеси и развојот на македонската државност, но и како значајни за зачувувањето на националниот идентитет. Според него, заштитата, истражувањето и достапноста на архивското наследство се основа за научно проучување на минатото и за пренесување на историската меморија на идните генерации.

На свеченото отворање, покрај Богески, се обратија претседателката на Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Собранието, Африм Гаши, и директорот на Институтот за национална историја, проф. д-р Митко Панов. Настанот е под покровителство на претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.