Особено брзо расте производството од фотоволтаици. Во разговорот се разгледува како инвестициите во обновливи извори да се усогласат со потребите на електроенергетскиот систем и како да се обезбеди стабилен и конкурентен пазар.
На домашниот пазар, воспоставувањето на македонската берза на електрична енергија, развојот на пазарот „ден однапред“ и воведувањето тргување во текот на денот го менуваат начинот на тргување и формирање на цените. Конкурентноста и функционирањето на овој пазар се посебна тема на разговорот.
Поширокиот контекст се промените на глобалните пазари, економските и нафтените кризи и либерализацијата на електроенергетските системи. Со либерализацијата, производството, големопродажбата и дистрибуцијата се издвојуваат во посебни сегменти, со нови правила за функционирање на пазарот.
Јаневски смета дека, за разлика од краткорочните политички и економски мерки, енергетските политики мора да имаат перспектива од 20 до 30 години. Според него, политичките и владините политики треба да се усогласат со техничките потреби и развојот на енергетската инфраструктура, за системот да може да одговори на идните потреби и предизвици.
Долгорочното стратешко планирање во разговорот се разгледува и како услов за енергетска сигурност и економски развој на државата.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.