Као се појави пред Одборот за да ја добие поддршката за својата номинација за министер за морнарица, откако претседателот Трамп го предложи трајно да ја преземе функцијата. Педесет и петгодишниот Као, кој е со потекло од Виетнам, истовремено оцени дека Кина била сериозно потресена кога видела како сите американски воени служби дејствуваат заедно.
На сослушувањето тој се заложи повеќе јавно да не се објавуваат причините за разрешување морнарички команданти. Спротивставувајќи се на традиционалната практика на морнарицата јавно да ги објавува разрешувањата, Као рече дека сака да спречи уништување на кариерите на командантите.
Највисоко рангираниот демократ во Одборот, сенаторот Џек Рид од Род Ајленд, изрази сериозна загриженост за досегашното раководење на Као како вршител на должноста. Рид рече дека очекува тој да зборува за отпуштањето бројни морнарички офицери од министерот за одбрана Пит Хегсет и да се изјасни дали во иднина ќе ги брани воените раководители од партиско мешање во нивните кариери.
Поддршка за Као даде претседателот на Одборот, републиканскиот сенатор Роџер Викер од Мисисипи. Тој оцени дека морнарицата се соочува со значајни предизвици, но и со значајни можности.
За потврдување на номинацијата е потребно и посебно одобрение од Конгресот. Као се пензионирал од активна воена служба во 2021 година, па сѐ уште не поминале законски пропишаните седум години.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.