Во понеделник, на 23 ноември, од 18:30 часот ќе се полагаат испити по стручни предмети од електро, машинска и сообраќајна струка и спортска гимназија, како и спорт и спортски активности и информатика. Во вторник, на 24 ноември, во истиот термин се закажани стручните предмети од електро, машинска и сообраќајна струка и спортска гимназија, како и учење преку работа кај работодавач.

Во среда, на 25 ноември, во 18:30 часот ќе се полагаат писмениот дел по математика, музичка уметност и историја. Писмениот дел по македонски јазик и литература е закажан за 19:00 часот, а писмените делови по руски и англиски јазик за 19:30 часот.
Во четврток, на 26 ноември, од 18:30 часот се закажани усниот дел по математика, ликовна уметност и физика. Во 19:00 часот ќе се полагаат усниот дел по македонски јазик и литература и психологија, а во 19:30 часот усните делови по англиски и руски јазик.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.