Според Манасков, ваквите постојки тешко ја исполнуваат својата намена, а нивната запуштеност ги одвраќа граѓаните од користење на јавниот превоз. Тој смета дека за негово унапредување не е доволно само да се постават постојки и да се внесат во систем, туку се потребни одржување, чистење, пристапност и услови што ќе ги мотивираат луѓето да чекаат автобус.
Манасков посочи дека автобуските постојки се вцртани во ГИС-системот на Општина Велес, односно во дигиталната мапа, и праша дали некој ги користи тие податоци за да ја провери нивната состојба на терен. Неговата забелешка е дека постојка што граѓанинот едвај може да ја забележи од улица нема вистинска корист само затоа што е евидентирана.
„Граѓаните на Велес не чекаат автобус во ГИС-системот, туку на улица“, порача Манасков. Тој оцени дека би било неодговорно Општината да не знае во каква состојба се нејзините постојки, а уште полошо ако знае и не презема ништо.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.