Ќе се разговара за здравјето на бубрезите, превенцијата и лекувањето на бубрежните заболувања, вклучително и можностите за лекување во регионот. Преку стручни информации, размена на искуства и непосредна комуникација со граѓаните ќе се отвори и прашањето за значењето на органодарителството и трансплантацијата.
Трибината ја организира Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“ од Скопје во соработка со Специјализираната болница за нефрологија и дијализа во Струга. Меѓу најавените говорници и учесници се претставници на здружението и на болницата, соработници, граѓани и лица со лично искуство.
Целта на средбата е правилно информирање и подигнување на јавната свест за хроничната бубрежна болест, донирањето органи и трансплантацијата. Од Нефрологија Струга ја нагласуваат важноста на информираноста за подобро здравје и спасување човечки животи.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.