Најважно
391 вести · 24 ч.
Берово 1°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Филмски работилници во Кинотеката за ученици од Ѓорче Петров

Фотографија од настанот · Александар Стојкоски
Фотографија од настанот · Александар Стојкоски

Ученици од основните училишта „Мирче Ацев“ и „Страшо Пинџур“ од Ѓорче Петров го запознаваа светот на филмот преку креативни работилници во Кинотеката на Македонија.

Работилниците ги организираше „Кино Балкан“ во соработка со Општина Ѓорче Петров. Учениците работеа под водство на Саша Станишиќ, Дамјана Пачева, Александар Трајковски и Тихомир Кашмицовски.

Учениците од „Страшо Пинџур“ се запознаа и со филмското наследство преку стари филмски камери, проектори, филмски ленти, фотографии и плакати. Преку нив откриваа како се создавале и прикажувале филмовите низ годините и како се развивала кинематографијата.

Целта е на младите да им се дадат можности да ги откриваат своите таленти, да учат и да ја развиваат креативноста. Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, најави дека поддршката за културата и младите ќе продолжи, со намера тие не само да ја следат културата, туку и да ја создаваат.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.