Најважно
391 вести · 24 ч.
Берово 1°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Поддршка за предвремено родените деца и нивните семејства во прилепската болница

Гледај на Facebook

Во Општата болница во Прилеп денеска беше одбележан 17 Ноември, Светскиот ден на предвремено родените деца, со поддршка за децата, нивните семејства и медицинските тимови што се грижат за нивното здравје и живот. Во одбележувањето се вклучи и градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски.

На хуманитарниот настан во холот на болницата се собираа донации за уредување посебна просторија во која родителите ќе ги преземаат своите новороденчиња по завршувањето на болничкиот престој.

Проданоски ја нагласи важноста на современите медицински услови и посветеноста на здравствените работници во грижата за предвремено родените деца. Оддавајќи им признание на децата и нивните родители за храброста и силата, порача дека тие не треба да останат без поддршка.

Тој најави дека Општина Прилеп ќе продолжи да ги поддржува хуманитарните иницијативи и активностите за подобрување на условите во болницата.

Општината обезбедува и еднократна финансиска поддршка од 6.000 денари за секое новороденче. Проданоски ја посочи оваа мерка како порака дека секое раѓање и секое семејство заслужуваат внимание и поддршка.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.