Домашните туристи во септември 2026 година оствариле 33.935 доаѓања, што е зголемување од 3,6% во однос на истиот месец во 2025 година. Кај странските туристи се забележани 102.370 доаѓања, со годишен раст од 2,1%.
Кај ноќевањата, движењата се различни: домашните туристи оствариле 89.295 ноќевања, или 7,1% повеќе од септември 2025 година, додека странските туристи оствариле 175.075 ноќевања, што претставува намалување од 2,3%.
Во периодот јануари–септември 2026 година, во Македонија се регистрирани вкупно 1.122.264 туристички доаѓања и 2.958.747 ноќевања. Во споредба со јануари–септември 2025 година, доаѓањата се зголемени за 3%, а ноќевањата за 3,5%.
Во истиот период од 2026 година, домашните туристи оствариле 365.067 доаѓања и 1.572.838 ноќевања, со раст од 2,8% и 2,4%, соодветно, во однос на јануари–септември 2025 година. Странските туристи оствариле 757.197 доаѓања и 1.385.909 ноќевања, со зголемување од 3% кај доаѓањата и 4,6% кај ноќевањата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.