Најважно
346 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Се предлага полнолетните посвоени лица да добијат увид во предметите за своето посвојување

Извор на фотографијата: Собрание на Република Северна Македонија
Извор на фотографијата: Собрание на Република Северна Македонија
  • Податоците за посвојувањата според постојниот закон се службена тајна.
  • Предлогот опфаќа пристап од медицински причини за малолетни посвоеници.
  • Терминот за продолжување на расправата ќе биде дополнително утврден.

Полнолетните посвоени лица да можат да остварат увид во списите на предметите за своето посвојување е целта на предложените измени на Законот за семејството, за кои се водеше јавна расправа во Собранието. Со предлогот се воспоставува механизам за пристап до податоци кои според постојното законско решение се службена тајна.

Законот за семејството го уредува посвојувањето и правата и обврските што произлегуваат од него. Предложеното решение ги опфаќа постапувањето и одлучувањето по барањата за пристап до податоците и списите. Се уредува и пристапот од медицински причини поврзани со здравјето на малолетниот посвоеник, како и пристапот на крвните сродници на полнолетниот посвоеник, под условите утврдени со закон.

Потребата од измените произлегува и од пресудата на Европскиот суд за човекови права во предметот „Митревска против Северна Македонија“, со која е утврдена повреда на членот 8 од Европската конвенција за човекови права. Судот констатирал дека при одлучувањето по барањето на посвоеникот за информации за неговото потекло не била воспоставена соодветна рамнотежа меѓу различните интереси. Посочена е и потребата од исклучоци од тајноста на податоците, особено кога одредени информации се неопходни од медицински причини.

Учесниците во расправата посочија дека прашањето е сложено и чувствително и дека предложените решенија треба внимателно да се разгледаат и од правен и од практичен аспект. Побараа конечните одредби да бидат јасни и применливи, со прецизни правила и критериуми за постапување и одлучување според околностите на секој конкретен случај.

Мислења, забелешки и предлози изнесоа експерти, претставници на здруженија, граѓански организации и институции, како и претставници на Министерството за социјална политика, демографија и млади. Предлог-законот го образложи потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, во име на предлагачите, а со расправата претседаваше членката на Комисијата, Олга Лозановска.

Терминот за продолжување на јавната расправа ќе биде дополнително утврден.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.