Пехарот за фер плеј ѝ припадна на Адвокатската заедница Охрид, а признанието за најспортски дух го доби адвокатот Жарко Казанџиски од Прилеп. За најкорисен играч на игрите беше прогласен адвокатот Калин Митрески од Скопје.
Меѓу екипите, Адвокатската заедница Скопје го освои првото место во фудбал, додека Адвокатската заедница Струга победи во машка кошарка. На најуспешните натпреварувачи им беа доделени пехари.
Во женска кошарка победи екипата составена од адвокатките Иванка Јакимовска, Виолета Симоновски, Лусија Кналијан и Нена Јованова Ѓорѓиевска од Скопје и Филомена Најдеска од Охрид.
Во Адвокатската трка, најбрзи беа Ивана Кузманоска од Скопје во женска и Иван Спиркоски од Прилеп во машка конкуренција. Во шах победија Ана-Марија Стојановска од Скопје кај жените и Љупчо Манасиев од Струмица кај мажите.
Двете први места во пинг-понг ги освоија адвокати од Тетово: Љубица Билбилоска во женска и Дејан Коцевски во машка конкуренција. Во пикадо победија Иванка Јакимовска од Скопје кај жените и Димитрија Димоски од Гостивар кај мажите.
Адвокатската комора ги опиша игрите како можност за дружење и зацврстување на колегијалните врски, со порака дека спортскиот дух и меѓусебното почитување се подеднакво важни како победата. Покрај спортските признанија, пехар за најдобро пеење доби адвокатот Ѓоко Гажоски од Скопје.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.