Булајиќ служел во Војската на Србија од 1996 година. Роден е на 25 март 1973 година во Белград и зад себе оставил две деца.
Авионот ѝ припаѓал на 204. воздухопловна бригада, стационирана на аеродромот Батајница. Српската војска ги користи авионите МиГ-29 за надзор и заштита на воздушниот простор, пресретнување други летала и извршување борбени задачи. Дел од флотата е наследен од Југославија, а дополнителни авиони Србија доби од Русија и Белорусија.
МиГ-29 е советски двомоторен борбен авион, развиен во 1970-тите години првенствено за воздушна борба и заштита на воздушниот простор. Во оперативна употреба е од почетокот на 1980-тите, а негови различни верзии и денес користат повеќе држави.
Во оваа област и претходно имало несреќи со воени авиони. На 7 јули 2009 година, МиГ-29 на Војската на Србија се урна за време на лет во близина на воениот аеродром Батајница. Загинаа пилотот, потполковник Раде Ранѓеловиќ, и војникот Милан Улемек, кој бил на земја.
На 26 септември 2012 година, во Нова Пазова се урна школскиот авион В-54 „Ласта“. Во таа несреќа загина пилотот, мајор Горан Савиќ, а вториот пилот, потполковник Томислав Беќаговиќ, беше полесно повреден. Авионот падна во двор меѓу станбени објекти. Според тогашните информации, причина за таа несреќа било откажување на командите.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.