Мостовите во украинската престолнина беа цел на руски напади и претходно овој месец и во октомври, при што беа предизвикани големи нарушувања. Во октомвриските напади беа користени дронови на млазен погон.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера предупреди дека Русија подготвува удари за ноќта кон вторник и ги повика граѓаните да ги следат предупредувањата за ракетна опасност и во текот на денешниот ден. Тој порача и дека Украина ќе одговори праведно на секое руско зло.
Доцна синоќа Украина го погоди и стратешки важниот мост преку Керченскиот Теснец, кој го поврзува анектираниот Кримски Полуостров со руското копно и има железничка врска. Мостот има и симболично значење за Русија. Властите поставени од Москва соопштија дека истиот мост бил погоден и во неделата. Гувернерот на Крим назначен од Москва, Сергеј Аксјонов, денеска изјави дека сообраќајот е запрен.
Руски претставници соопштија дека украинските напади вчера погодиле и нафтени рафинерии. Вчерашниот украински напад со дронови беше најголемиот таков напад врз Русија од почетокот на нејзината целосна инвазија врз Украина во 2022 година.
Во текот на ноќта кон денес, Украина ја нападна Москва со речиси 200 дронови. Московскиот градоначалник Сергеј Собјанин рано утринава изјави дека руската противвоздушна одбрана соборила 20 дронови што се движеле кон главниот град.
Новите напади се случуваат додека преговарачи од Украина, Европа и САД разговараат за идни преговори со Русија за завршување на војната.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.