Рокот за доставување предлози во архивата на Општината е 18 декември 2026 година. Заинтересираните можат да ги поднесуваат своите идеи секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот, во текот на отворените денови за буџетски предлози.
По електронски пат, граѓаните можат да ги споделат своите идеи и приоритети преку онлајн анкетата за буџетот. Целта на овие начини на учество е поголемо и директно вклучување на граѓаните и различните целни групи во подготовката на буџетот.
На најавениот „Родово одговорен буџетски форум“ ќе се разгледуваат потребите и приоритетите на различни групи граѓани, со посебно внимание на родовата еднаквост и инклузивноста при распределбата на буџетските средства. Ќе можат да учествуваат сите заинтересирани граѓани, а датумот, часот и местото на одржување ќе бидат објавени на општинската веб-страница.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.