Најважно
390 вести · 24 ч.
Берово 2°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Четвртоодделенци му предложија на Митески идеи за своето маало и за Аеродром

Извор на фотографијата: Општина Аеродром
Извор на фотографијата: Општина Аеродром

Ученици од четврто одделение од ООУ „Димитар Македонски“ денеска му изнесоа идеи и предлози за своето маало и за Аеродром на градоначалникот Дејан Митески, при посетата на Општина Аеродром.

Децата го прашуваа Митески за неговата работа, за Советот и за Општината. Разговорот ги опфати и нивните спортски интереси: голем дел од учениците кажаа дека активно спортуваат и навиваат за своите омилени тимови.

Учениците се запознаа и со надлежностите на општината и со начинот на кој се носат одлуки важни за животот на граѓаните.

Од Општина Аеродром порачаа дека заедно со градоначалникот остануваат отворени за учениците, оценувајќи дека нивниот глас, љубопитност и креативност се важни за создавање подобра општина за сите.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.