Имери-Стафаи оцени дека вревата и обидите на ДУИ да привлече внимание во Собранието завршиле без ништо. Прашањето за гласањето го придружи со обвинување дека партијата има навика да отсуствува, оставајќи само двајца-тројца дежурни пратеници во салата.
Интерпелацијата за работата на Стоилковиќ е примена во Собранието на 2 ноември 2026 година и се води во редовна постапка, со статус за доставување до пратениците. Овластен предлагач е Венко Филипче.
Како автори се наведени Бисера Костадиновска-Стојчевска, Благој Бочварски, Венко Филипче, Горан Мисовски, Даниела Николова, Јован Митрески, Јованка Тренчевска, Љупчо Николовски, Миле Талевски, Митко Трајчулевски, Моника Зајкова, Оливер Спасовски, Сања Лукаревска, Славјанка Петровска, Соња Мираковска и Фатмир Битиќи.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.